Дијамант вреден 1.000.000 за нивното второ судбоносно ДА: Холувудскиот актер повторно ја запроси поранешната жена

27 декември, 2018
Capture

Американскиот актер Теренс Ховард повторно ја запроси својата поранешна сопруга Мира Пак.

Познатиот пар, одлучи да и даде уште една шанса на нивната љубов. Теренс, поранешната сопруга ја запроси со дијамантски прстен во вредност од еден милион долари.

Актерот ја изненади Мир за Божиќ поклонувајќи и прстен со скапоцен камен од седум картати.Извори за порталот ТMZ велат дека сè се случило во еден ресторан во Беверли Хилс во друштво на пријателите и роднините.

„Потребни ми беа 45 години за да те пронајдам, а сега кога те имам на свои 50-години, остатокот од вечноста ќе го поминам  со тебе “, ѝ кажа актерот.

Теренс и Мира се венчаа во 2013. година, а две години подоцна поднесоа барање за развод. Во тоа време таа беше бремена со нивното прво дете.

На почетокот на 2018. година, двојката ја обнови својата врска.

Ова не е првпат Теренс да се венча со поранешната жена. Беше во брак со Лори МекКомас, со која се ожени во 1989. година.

Тие се разведоа во 2003. година, а потоа повторно се венчаа во 2005. година и повторно се разведоа во 2007. година.

Од 2010. до 2013. година беше во брак со Мишел Гент.