Џиџи и Бела се „out“, запознајте ги нивните постари сестри

4 декември, 2018
xixi

Ако веќе ви е досадно од помладите сестри Хадид, време е да ги запознаете (многу) поинтересните Мариела и Алана Хадид.

Иако се постари од Џиџи и Бела и нивниот брат Анвар, Мариела (38) и Алана (33) не се толку медиумски изложени како нивните познати помлади сестри. Но, бројот на пријатели на социјалните мрежи (околу 200 илјади обожаватели и едната и другата) докажува дека тие се многу интересни за јавноста и имаат многу да кажат. Maриела и Aлана се ќерки на Мохамед Хадид од првиот брак со Марија Батлер, од која тој се развел во 1992. година, а две години подоцна се оженил со Јоланда со која ги има Џиџи, Бела и Анвар.

Постарата сестра Хадид по професија е дизајнер, додека Мариела се занимава со организирање на настани и е мајка на две деца.

Она што е многу убаво во оваа приказна е фактот дека сите деца на Мохамед се многу блиски и често споделуваат фотографии на социјалните мрежи и покажуваат дека не постои ривалство во нивното семејство – само љубов!

View this post on Instagram

🥀

A post shared by Alana Hadid (@lanzybear) on