Интересен тест преку кој ќе се запознаете себе

21 мај, 20180
6

Запознајте се себе со помош на овој тест од областа на психоанализата. Следните неколку прашања, иако делуваат наивно, тие откриваат многу за вашата личност, па затоа немојте да бидете неискрени, бидејќи ќе ја пропуштите целата забава и понета.

Пред да почнеме, земете хартија и пенкало за да ги запишете одговорите.

Штом го прочитате прашањето, запишете го одговорот со соодветниот реден број. Одговорете на сите десет прашања пред да го погледнете толкувањето.

Прочитајте ги следните прашања, замислете ги сцените во вашиот ум и запишете ја првата работа која ќе ви падне на памет. Немојте претерано да размислувате за прашањата.

1. Не сте сами. Одите низ шума. Кој оди покрај вас?

2. Одите низ шума. Здогледувате животно. Кое е тоа животно?

3. Каква интеракција се одвива помеѓу вас и животното?

4. Навлегувате во шумата уште подлабоко. Доаѓате до чистина на која се наоѓа вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.

5. Дали вашата куќа од соништата е окружена со ограда?

6. Влегувате во куќата. Доаѓате до трпезаријата во која се наоѓа трпезариската маса. Опишете што гледате на масата и околу неа.

7. Излегувате низ задната врата. На теревата се наоѓа сад. Од кој материјал е направен?

8. Што правите со садот?

9. Се шетате до крајот на имотот и стигнувате до водна површина. Каква водна површина е тоа?

10. Како ќе преминете преку водата?

Ова е всушност тест кој говори за вашите односи. Вашите одговори на прашањата ја покажуваат вредноста и идеалите до кои се придржувате во вашиот личен живот.

Анализа на одговорите:

1. Личноста со која одите низ шумата е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на животното го прикажува вашето сфаќање за големината на вашите проблеми.

3. Силата на интеракцијата помеѓу вас и животното прикажува како се однесувате со вашите проблеми (пасивно или агресивно).

4. Големината на вашата куќа од соништата ја прикажува големината на вашите амбиции да ги решавате вашите проблеми.

5. Доколку не постои ограда околу куќата, тоа укажува дека имате отворена личност. Луѓето се добредојдени во секој момент. Присутноста на ограда покажува дека имате затворена личност и не би сакале луѓето да ви се појавуваат ненајавено.

6. Доколку вашиот одговор не вклучува храна, луѓе или цвеќе, тогаш веројатно сте незадоволни на генерално ниво.

7. Трајноста на материјалот од кој е изработен садот ја отсликува вашата перцепција за трајноста на вашиот однос со личноста од прашањето со број 1. На пример, доколку садот е направен од тенка пластика или хартија, таа личност за вас е за еднократна употреба. Стаклото и керамиката не се премногу издржливи, но се доволно цврсти за долгогодишна употреба, додека металот и цврстата пластика се најтрајни.

8. Вашето однесување кон садот укажува на вашиот став кон личноста под број 1.

9. Големината на водната површина укажува на големината на вашата потреба за романса.

10. Зависно од тоа колку се наводенувате додека ја преминувате водата, укажува на тоа колку длабоко сте подготвени да одите во вашиот однос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi