Ким Кардашијан и Блејк Лајвли на исто случување во исти фустани: На која подобро и стои?

5 декември, 2018
kim

Иако имаат сосема поинаков стил на облекување, во една пригода се појавија во речиси идентични фустани! Но, една убедливо победи …

Никогаш не ни помисливме дека ќе го споредиме стилот на овие две ѕвезди, но се случи и тоа. Во ист ден, на исто место тие се појавија во речиси идентични фустани.

Всушност, ова се случи на ревијата на модната куќа „Vesrache“ во Њујорк, каде што Ким Кардашијан и Блејк Лајвли се потрудија да ги свртат сите погледи кон нив.

Ким блескаше во светкавиот сребрен фустан во кој го покажа своето бујно деколте, искомбиниран со целосно транспарентни салонки од брендот „Yezzy“, дискретен ѓердан и фризура во висок реп.

Беше во друштво на нејзиниот сопруг, а ова е нивното прво заедничко појавување на црвениот тепих по неколкумесечната пауза.

Прекрасната актерка Блејк Лајвли, исто така, носеше сребрен фустан со гол грб од модната куќа „Versache“, кој придонесе актерката да биде попривлечна од кога и да било , а златните чевли со високи потпетици на „Louboutin“ совршено го заокружија  ова издание.

Дополнителна доза на гламур додаде со нејзината бујна коса, која за оваа пригода ја зацврсти и ја префрли на едната страна.

https://www.instagram.com/p/Bq83ukTHajx/?utm_source=ig_embed

Чија комбинација повеќе  ви се допаѓа?

Очекуваме одговори во коментарите…