Кои се вашите стравови, пријатели, непријатели и каде се чувствувате најдобро? Откријте за помалку од 5 минути

17 мај, 2018
3

Во животот, секојдневно откривате нови нешта за себе. Затоа, овој тест ја имаа таа цел – подобро да се запознаете себеси. Кои се вашите стравови, пријатели, непријатели и каде се чувствувате најдобро? Откријте за помалку од 5 минути.

Штом ги прочитате прашањата, треба да одговарате брзо и добро да ги запаметите или да ги запишете одговорите.

Вклучете ја имагинацијата и започнете…

1. Не сте сами. Се движите низ шума. Кој оди покрај вас?

2. Наеднаш, здогледувате животно. Кое е тоа животно?

3. Каков е вашиот однос кон животното? Пријателски или непријателски?

4. Влегувате уште подлабоко во шумата. Доаѓате до чистинка на која се наоѓа вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.

5. Дали вашата куќа од соништата е обиколена со ограда?

6. Влегувате во куќата. Доаѓате до трпезаријата. Објаснете што гледате на масата и околу неа.

7. Излегувате од куќата од задната врата. На тревата во дворот наоѓате шолја. Од каков материјал е изработена?

8. Што ќе направите со шолјата?

9. Кога подобро го разгледавте дворот, здогледавте водена површина. Како изгледа водата? Дали е море, езеро или река?

10. Како ќе ја преминете водата?

Ова е тест кој ги открива вашите односи, вредности и идеали во животот.

Толкување на вашите одговори:

1. Личноста со која одите низ шумата е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на животното го прикажува вашето сфаќање за големината на проблемите.

3. Односот кон животното прикажува како се справувате со своите проблеми. Ако сте пријателски расположени, тогаш сте пасивни во однос на проблемите, а доколку сте непријатели – односот ви е честопати агресивен.

4. Големината на вашата куќа од соништата ја прикажува големината на вашите амбиции.

5. Ако не постои ограда околу куќата, тоа покажува дека сте отворена личност. Со вас, луѓето се чувствуваат пријатно во секој момент. Додека, присутноста на оградата укажува на затворена личност која не сака луѓето да доаѓаат ненајавени.

6. Ако вашиот одговор не вклучува храна, луѓе или цвеќе, тогаш веројатно сте општо незадоволни од животот.

7. Трајноста на материјалот до кој е изработена шолјата ја покажува трајноста на вашата врска со личноста под број 1.

– На пример, ако шолјата е изработена од пластика или хартија, таа е за еднократна употреба. Стаклото и керамиката не се премногу издржливи, но доволно цврсти, додека металот е најсилниот материјал со кој можете да го опишете односот со таа личност.

8. Вашето однесување кон шолјата укажува на вашиот став кон личноста под број 1.

9. Големината на водената површина укажува на големината на вашите потреби за романса.

10. Зависно од тоа колку долго се мислевте како да ја преминете водената површина, толку подлабок е вашиот однос со најважната личност.