Месецот на раѓање открива од кој болести може да заболите во текот на животот

28 март, 20180
3

Колку и да звучи суеверно, прилично голем број на различни студии пронашле поврзаност помеѓу месецот на раѓање на личноста и нејзиното здравје.

Јануари

Луѓето родени во првиот месец, во просек повеќе страдаат од висок крвен притисок, рак на белите дробови и срцеви болести. Исто така кај нив двојно повеќе се појавува дијапетис тип 2 и дебелина во однос на другите луѓе. Некои студии покажале дека луѓето родени во Јануари и Декември имаат поголема склоност на оболување од депресија и шизофренија. Во најмрачниот зимски месец, недостатокот на витамин Д доведува до чуство на осаменост и безнадежност. Но покрај сето ова овие луѓе имаат долг животен век.

Февруари

Многу луѓе родени во Февруари страдаат од ослабен имунолошки систем. Ова води кон развој на алергии на полен и други алергиски болести. Исто така, често заболуваат и од рак на белите дробови и простатата, како и васкуларни проблеми. Од друга страна луѓето родени во Февруари ретко ги гризат инсекти.

Март

Луѓето родени во Март често страдаат од ангина пекторис. Меѓу жените често се случува да бидат анорексични или премногу дебели. Ранливоста на луѓето родени во овој месец, е нивното срце. Често страдаат од вентрикуларна фибрилација, нарушување на срцевите залистоци и откажување на срцето. Како и луѓето од Февруари така и луѓето во Март патат од алергија на полен.

Април

Луѓе родени во Април се изложени на зголемен ризик од заболување од рак. Кај нив често се јавуваат и пулмонални и респираторни заболувања, како и срцеви болести. Страдаат и од болки во грлото, поретоко и од бронхитис. Во зрелата возраст, имаат тенденција да имаат песимистички поглед на светот, па развиваат депресија. Исто така се склони и на конзумирање на алкохол.

Мај

Прво добра вест за луѓето родени во Мај и Јули – тие поретко се разболуваат од останатите. Склоноста за заболување од рак, кај нив е значително мала. Сепак, постои зголемен ризик од мултиплекс склероза, висок крвен притисок, и нетолеранција на глутен. Луѓе родени во мај, често стануваат депресивни во постара возраст. Стапката на самоубиства е 17% повисока кај нив во споредба со оние кои се родени во есен или зима.

Јуни

Кога се под стрес, луѓето родени во Јуни имаат слаб апетит. Тие имаат склоност на анорексија 30% поголема од просекот, како и висок ризик за добивање на дијабетес и болести на срцето на постара возраст. Меѓутоа, ретко заболуваат од рак или срцев удар.
Оптимистични се и имаат светол поглед кон светот.

Јули

Родените во Јули обично немаат проблеми со депресија. Сепак, нивната најслаба точка е во органите во системот за варење, а исто така забите и коските. Покрај тоа, почесто страдаат од дијабетес тип 1. Интересен е фактот дека генерално имаат помалку деца од другите. Сепак, тие имаат добар разлог за да бидат среќни – родените во Јули имаат најмал ризик од мозоќен и срцев удар и ретко заболуваат од рак.

Август

Родените во Август често страдаат од алергии на прашина. Покрај тоа, тие често страдаат од конјунктивитис. Сепак, родените во овој месец имаат многу здраво срце и се помалку склони кон срцев удар и мозочен удар. Исто така имаат многу мали шанси за заболување од рак или астма.

Септември

Родените во Септември, често имаат проблеми со егзема во детството. Меѓутоа, со текот на времето, овој проблем обично исчезнува. Покрај тоа, тие имаат помали шанси за развој на дијабетес, срцеви заболувања или ангина. Сепак, многу често имаат проблем со стомакот, воспаление на респираторниот дел и алергија на прашина.

Октомври

Ако сте родени во Октомври, досега сигурно сте се зацврстиле. Децата од Октомври страдаат од сите видови на болести, вклучувајќи и фрактури на коските, остеопороза, проблеми со забите, и далеку над просекот и страдаат од астма, имаат проблеми со вените и респираторни инфекции. Сепак, не е се така црно. Родените во Октомври имаат најдолг животен век и многу мал ризик од развој на рак, срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Ноември

Акутниот бронхитис, вируси, неуродермитис, невролошки нарушувања и нарушување на вниамнието се многу чести заболувања кај луѓето родени во Ноември. Сепак, честите заболувања на денешницата као сто се дебелината, дијабетисот и заболувањата на срцето, нив многу ретко ги зафаќаат. Нивниот животен век е подолг од просекот, и покрај тоа, ретко имаат проблеми со плодноста и репродуктивните органи.

Декември

Родените во Декември имаат зголемен ризик од разни врсти на повреди, како што се фрактури, модринки. Исто така кај нив многу чести заболувања се шизофренијата и депресијата. Сепак тие имаат животен век над просекот и генерално се ослободени од болестите вообичаени за постара возраст како дијабетис и срцеви заболувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi