“Не сакам да се мажам“

19 октомври, 20180
rouzi 0

Моделот вели дека е фокусирана на нејзината кариера и на детето , а  бракот со познатиот актер може да почека.

Роузи Хантингтон Вајтли не сака да избрза и да оди пред матичарот со Џејсон Стетам, со кого е во врска осум години.

Таа вели дека сега првенствено сака да се концентрира на нејзината работа и синот Џек.“За брак имаме време. Прво и двајцата бевме фокусирани на работата, а потоа пристигна и бебето… Често разговараме за брак, но сега тоа не ни е приоритет . Секако сме среќни и без парчето хартија. Мислам дека ќе биде забавно да се вклучи и нашето дете во свадбената церемонија, кога уште малку ќе порасне. “

Убавицата откри дека таа и Џејсон планираат да имаат повеќе деца во иднина.”Сакам уште многу деца!” Џек сега е во таа фаза кога оди по дома и пробува да зборува, но воглавно го разбирам … Тој е многу сладок! Џејсон е среќен и не му паѓа тешко да стане во пет наутро, за да можам јас да поспијам подолго. Тој е прекрасен татко, прекрасен партнер, а јас сум среќна жена. “Актерот ја запроси пред две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi