Нова драма на кралските младенци!

13 август, 20180
MM2

Меган Маркл и принцот Хари повторно се насочени кон “отровниот јазик” на нејзиниот татко!Таткото на Војвотката од Сасекс Меган Маркл, Томас Маркл, даде ново бомбастично интервју за британскиот печат, во кое тој ги “исплука” ќерка и принцот Хари.

Томас Mаркл (74) живее во Мексико, и својата ќерка не ја видел ниту слушнал после скандалот што го направи во пресрет на нејзината свадба со принцот Хари. “Хари ми се јави по телефон пред целиот скандал, тој ми рече да стојам настрана од папараците, дека ќе ме изеде жив. Тој беше во право. Го излажав, му реков дека не се договарам со нив, дека одам само да купам маица а јас отидов да ме снимаат како се спремам за свадбата. Тогаш се случи целиот проблем, тогаш тој ми се јави додека јас бев во болница, се опоравував од срцев удар. Ми рече – требаше да ме послушаш. Му ја спуштив слушалката”, рече тој.

Претходно, Маркл му рече на истион весник, во интервјуто кое траеше девет часа, дека смета дека Меган и Хари “само сакаат тој да умре”.

“Јас нема да бидат замолчен. Среќен сум што сум се уште жив, иако мажите во моето семејство не живеат долго и можам утре да умрам. Се чувствувам како да сме сите заедно во скеч на Монти Пајтон, поради однесувањето на целото тоа кралско семејство. Тие слушаат нешто неубаво , и веднаш ги набиваат прстите во ушите, ги покриваат главите … ”

“Таа се налути и кога реков дека наскоро ќе станам дедо, но со години  зборуваше за тоа како веќе еднаш сака да стане мајка. Одбивам да молчам, го достигнав дното. Ме уништува тоа нејзиното чувство на супериорност, како да е таа сега кралица. Без мене ќе останеше ништо, јас ја направив Војвотка “, рече тој.

“Дејли мејл” објави дека “малку е веројатно” дека Војвотката и Војводата од Сасекс ќе одговорат на овие бомбастични обвинувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *