ОД ПАЛАТАТА ПРИСИГНА СРЕЌНА ВЕСТ: ВИСТИНА Е, МЕГАН МАРКЛ Е БРЕМЕНА!

16 октомври, 20180
megan

Во британското кралско семејство пристигнува уште еден член! 37-годишната Меган Маркл и 34-годишниот принц Хари една година по нивната венчавка го чекаат  нивното прво дете!

Палатата Кенсингтон ја објави веста за која се сомневавме неколку недели – Меган Маркл и принцот Хари чекаат бебе! Парот ги размени заветите на раскошната венчавка во мај, што ја следеше целиот свет, и се чини дека неколку месеци откако се омажи за британскиот принц, Меган остана бремена.

Убавата 37-годишена Американка, која се прослави со улогата во серијата “Suits”, неколку недели предизвикуваше сомнеж во медиумите, бидејќи почна да носи се поширока облека па се шушкаше дека сака да ја скрие среќната вест на која многумина се надеваа.

Од пролет до пролет

Меган и Хари се запознаа пролетта во 2016 година, на “слеп состанок“ кој го договорија нивните заеднички пријатели, а нескротливиот принц подоцна признал дека на пријателите веќе одамна им открил дека актерката од серијата ” Suits ” е неговата идеална жена.

Меган и Хари излегоа на пијалок и наскоро сфатија дека сакаат повторно да се видат. Шест месеци уживаа во приватноста, а потоа во медиумите пристигна веста дека британскиот принц се вљубил во американската актерка која веќе била во брак. Не требаше да помине многу време за овој навидум некомпатибилен пар да ја освои јавноста, но исто така и британското кралско семејство кое што ја дочекало Меган со раширени раце.

По неколку заеднички патувања и појавувања во јавноста, Хари во ноември 2016 година и понуди брак на Меган и така започнаа подготовките за една од најважните венчавки на деценијата. На 19-ти мај 2018. година Меган, облечена во венчаница со потписот на Givenchy ,а  Хари во елегантна униформа, застанаа пред олтарот и пред стотици гости кажаа “да”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *