Омилениот celebrity пар на крајот на годината ќе застане пред олтарот
Измеѓу нив има 20 години разлика, но и седумгодишна врска и заедничко дете!
Се запознаа со снимањето на филмот „Transformers“ пред седум години и веднаш започнаа љубовна врска. Тие се верија во јануари 2016. година, а на 31 декември љубовната приказна на познатиот актер Jason Statham и преубавата манекенка Rosie Huntington-Whiteley ќе заврши пред матичарот.
Така, врската што од првиот момент беше исполнета со голема страст и љубов, но на која многумина не и дадоа многу шанса поради 20-годишната разлика меѓу нив, ќе заврши на најубавиот начин и на големо воодушевување на нивните фанови.
Омилениот холивудски пар, во јуни 2017. година го доби првото дете , а судбоносното „ДА“ ќе го кажат на самиот крај на оваа година – во својата вила во Лос Анџелес.