Поради грешка била единствениот патник во авионот…

13 јануари, 20180
f4e8fd893d4e922bb3a5

Летот на Бет бил откажан, а службата за резервации по грешка ја префрлилa на лет кој бил резервиран само за персоналот за летање. Со неа во авионот биле само пилотот, копилотот и една стјуардеса.  Таа била единствениот патник во авионот кој летал од Њујорк до Вашингтон – велат од Independent.

-Имав цел авион на располагање, бидејќи ми дале погрешна карта за лет кој бил наменет само за пресоналот за летање –навела Бет во селфито кое го објавина на Reddit.

Бет купила карта за лет кој бил откажан, па авиокомпанијата одлучила неа како и сите останати патници да ги префли на друг лет што требал да биде 8 саати подоцна. Бет заминала кај своите родител кои живееле многу близу до аеродромот притоа не знаејќи дека другите патници се префрлени на друг лет.

Но ваквата грешка и овозможило на Бет да лета со авион каде таа била единствениот патник заедно со посадата. Со оглед на тоа дека летот траел неколку саати Бет легнала да одмори без да нарача ништо за јадење и пиење.

-Можеби ќе имав посебен третман доколку нарачав – пишала Бет. Сепак сметала дека посадата не била пресреќна ради целата ситуација, но и покрај тоа добила упатства за безбеден и пријатен лет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi