Празничната фотографија од семејството на Кристијано Роналдо ќе ви ги украде срцата
Среќното семејство го прослави празникот.
Божиќ според Грегоријанскиот календар го слават многу светски познати ѕвезди, кои на социјалните мрежи со своите обожаватели споделуваат како ги поминуваат овие празници.
Една од најубавите божиќни фотографии што ќе ги видите оваа година, сигурни сме дека му припаѓа на фудбалерот Кристијано Роналдо и неговото многубројно семејство.
Имено, познатиот татко на неговиот Instagram профил објави фотографија со невенчаната сопруга Хеорхина Родригез, нивната заедничка ќерка Алана Мартини и трите деца кои спортистот ги доби со помош на сурогат мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Матеа и Ева.
Облечени во костимите на Дедо Мраз, во украсената куќа, децата мирно позираа за гордиот татко да ја сподели нивната Божиќна честитка со светот.