Селена Гомез после долго време тргната од тронот на Instagram
31 октомври, 20180
Пејачката Селена Гомез повеќе не е личноста која што има најмногу следачи во светот, бидејќи по долго време таа го препушти престолот на друга личност. Всушност, веќе неколку години и „дише во врат“ Кристијано Роналдо кој го дочека својот момент откако пејачката се повлече од социјалната мрежа пред еден месец – сакајќи да „ужива во вистинските моменти од нејзиниот живот“!
Поради големите психички проблеми, Селена заврши во психијатриска клиника и со оглед на тоа што социјални мрежи никогаш не и биле приоритет, се сомневаме дека оваа информација нешто ќе и значи. Во моментов, Роналдо (а сите знаеме колку му е важно неговото медиумско внимание) има 144.316.082 следачи додека Селена остана на 144.311.124 следачи.