Што кажува за вас подзнакот во хороскопот

9 август, 20180
5

ОВЕН

Ако во подзнак сте Овен, тогаш вие сте активни и имате многу енергија. Тврдоглавите сте и многу луѓе ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ја постигнете својата цел. Вие сте амбициозни. Често имате проблеми во односот со партнерот/ката бидејќи несакате да направите компромис. Поради тоа на вас ви е потребна личност која знае да попушти.

БИК

Сакате да уживате. На вас ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и во готвењето. Сакате да бидете во врска, да имате партнер/ка и се да биде стабилно во врската. Тоа е основа за вашето добро расположение. Многу луѓе од вас бараат совет за љубовниот живот бидејќи знаат дека ќе бидете целосно искрени. Потребен/на ви е партнер/ка која е страствен/а.

БЛИЗНАЦИ

Многу зборувате. Искрени сте иако многу луѓе ве доживуваат како личност која лаже. Тоа е така бидејќи не им го кажувате на луѓето тоа што сакаат да го слушнат, туку им кажувате како се работите. Сакате да се гледате со пријателите, да телефонирате и многу време поминувате на интернет. Потребен/на ви е партнер/ка кој/а ќе ви пружи слобода.

РАК

Чувствителни сте на туѓите страдања и секогаш сте тука за другите кога им требате. Семејството ви е на прво место. Сакате да бидете дома со други луѓе. Важно ви е, куќата во која живеете да биде средена, чиста и удобна бидејќи тоа е вашата скривница. Потребен/на ви е партнер/ка на кој/а можете секогаш да се потпрете.

ЛАВ

Горди сте, а понекогаш и недопирливи или барем оставате таков впечаток. Многу сте амбициозни и важна ви е работата. На листата за најважни работи во животот, парите ви се наоѓаат на самиот врв. Доколку сте машко, лесно ќе се изборите за вашето место во светот, но доколку сте женско, тогаш гледајте барем во партнерските односи да не ја истакнувате својата сила. Потребен ви е партнер/ка кој/а ќе ви даде слобода.

ДЕВИЦА

Вие сте перфекционист. Многу ви е ваќно се да биде на своето место. Коќата мора да биде беспрекорно чиста. Примарно ви е здравјето. Склони сте на нервози, а лекот за тоа е да го прифатите фактот дека ништо неможе да биде совршено, па дури ни вие. Потребен/на ви е партнер/ка кој/а ќе ви помогне да се опуштите и уживате во животот.

ВАГА

На вас ви е важна хармонија. Секогаш сте тука за другите кога сте им потребни, но незнаете како да биде тука сами за сеге. Премногу пријатели, роднини и други луѓе се секогаш околу вас. Несакате да бидете сами. Секој вид на партнерство е успешно. Важно ви е парнерот/ката да виде стабилна личност и да буди во вас позитивна енергија и индивидуалност за да можете да се ослободите и осамостоите. Важно ви е во врската да ја задржите вашата слобода.

СКОРПИЈА

Постојано сте во акција и постојано нешто правите. Неможете да седите мирни. Вие сте страствена личност и се работите од срце. На другите понекогаш може да им биде тешко со вас бидејќи лесно може да ги повредите, најчесто со некоја критика. Ако ви е досадно се занимавате со спорт и не барате проблеми таму каде што ги нема. Парите ви се многу важни, но исто така многу важен ви е и сексот.

СТРЕЛЕЦ

Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете другите. Толерантни сте, некогаш дури и премногу. Важно ви е многу да патувате, да се усовршувате. Исто така важно ви е да се занимавате со спорт бидејќи имате вишок на енергија. Друштвени сте. Потребен/на ви е партнер/ка кој/а е весела и позитивна личност. Важно ви е да ја задржите својата слобода во врската.

ЈАРЕЦ

Вие сте тврдоглави, упорни, амбициозни и насочени кон кариерата. Се држите до себе си и сметате дека искуството е најдобар учител. Никаде не брзате, сметате дека се си доаѓа на место со тек на време. Вие сте добар пријател и партнер/ка и секој може да се потпре на вас. Многу сте смирена и стабилна личност. Партнерот/ката треба да ве научи да бидете потопли кон другите, а не толку недоверливи.

ВОДОЛИЈА

Сакате да се дружите. Секогаш во е потребно мислење од другите луѓе. Постојано сте во движење и со вас никогаш не е досадно. Сакате да ширите контакти и да запознавате нови луѓе. Мора да направите место за партнерот/ката, да не биде постојано во втор план. Потребен/на ви е партнер/ка кој/а ги разбора вашите потреби за дружење/

РИБИ

Никој незнае што точно мислите, имате некој свој свет. Несакате да се вклопите во друштвото. Често пати навечер сте будни. Сакате да гледате филмови, а музиката ви е многу важна. Потребен/на ви е партнер/ка кој/а е рационална и стабилна личност и која ќе ви дава добри совети кои ќе ве водат низ животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *