11 декември, 2018

Радио

Преубавата манекенка го продаде апартманот во кој живееше со Марко Јариќ кога беа вљубени.

Адријана Лима конечно го продаде својот апартман во срцето на Њујорк, по 5 години. Таа и Марко Јариќ го купиле уште додека биле во брак. Сликите од овој прекрасен дом дошле до јавноста, па можете да видите како изгледа овој луксузен стан.

Поранешниот брачен пар го купил станот во Менхетен уште во 2003 година за два милиони долари. Пентхаусот се протега над 200 квадратни метри, има две спални соби, две купатила, огромна кујна.

Дневна соба, која има прозори од подот до плафонот, нуди фантастичен поглед на Central Park. Зградата во која се наоѓа станот има фитнес центар, салон за масажа, базен, паркинг и ексклузивен ресторан кој можат да го користат само станарите.

Ова е втор пат Адријана да се обиде да го продаде апартманот. Прво се обиде во 2013. година, непосредно пред разводот со Јариќ.

Тогаш цената за овој луксузен стан изнесуваше 5,5 милиони долари, но бидејќи никој не се заинтересира за толку многу пари, бразилската манекенка го намали на 3,5 милиони. Пет години подоцна, поранешната сопруга на Марко Јариќ добила 3,3 милиони долари за овој стан. Факт е дека овој апартман е прекрасен и на одлична локација. Дали и вие би сакале да се вселите овде?

Погледнете ги останатите слики на овој луксузен дом во галеријата.

Остави коментар

Почетна // Забава // Скапо, луксузно, со феноменален поглед: Ѕирнете во апартманот во кој живееле Адријана Лима и Марко Јариќ
Горе