Според датата на раѓање дознајте кој е вашиот АНГЕЛ ЧУВАР

16 март, 20180
6

Вашиот ангел чувар е со вас од моментот на вашето раѓање и без оглед на личноста, ви помага во формирање на судбината. Секој има свој ангел чувар и може да го открие според датата на раѓање.

Соберете ги броевите од вашиот датум на раѓање додека не добиете едноцифрен број. На пример ако сте родени на 11.11.1987 година,

1+1+1+1+1+9+8+7 = 29 ;

2+9 = 11

1+1 = 2

Тоа значи дека вашиот ангелски број е 2

Ангелски број 1: Ариел

Овој ангел им помага на сите живи суштества, али на вас ви е посебно наклонет. Најдобро можете да стапите во контакт со својот ангел ако излезете во природа бидејќи таа и е многу блиска. Постојано праќа пораки да направите нешто за својата околина и да ја зачувате чистотијата. Ако вие се занимавате со зачувување на природата или ги штитите животните, тогаш срцето на вашиот ангел е полно со радост. Ариел препорачува да не размислувате за тоа колку опасност кружи околу вас, туку колку опасност има во вас.

Ангелски број 2: Чамуил

Чамуил е ангел на внатрешниот мир и вие сте благословени ако ве чува. Што и да се случи со вас или околу вас, секогаш ќе го чувствувате Божјото чедо. Со него ништо не се случува случајно. И во најтешките ситуации ќе ви покаже светлост на крајот од тунелот, ќе ви праќа пораки преку сонови и со таква помош ќе ја одржувате вербата. Чамуил внесува светлост во темнината, тоа е неговата работа. Тој е надеж, својата љубов ја насочува каде пто е најпотребна. Преку него и вие можете да станете помошник. Вашата харизма зрачи со мир секаде каде што ќе се појавите. Пораката на ангелот Чамуил за вас е: Никогаш не се сомневај во себе.

Ангелски број 3: Габриел

Тој е ангел со голема сила и како ангел помошник дава поддршка да се прифатите себе си и целата сила и љубов која се крие во вас. Најверојатно во животот ќе направите големи дела, а помошта на ангелот Габриел добро ќе ви дојде за да ја зачувате рамнотежата. Ангелската комуникација може да се засили ако носите бакарен накит.

Ангелски број 4: Ханиел

Тој е ангел на прифаќањето кој е неверојатно способен за ситна и чудесна помош. Ако тој е вашиот ангел чувар, ја видел во вас способноста да ја почувствувате промената на вибрациите во Универзумот. Секое расположение како и секој ритам на живот лесно ги доживувате и со негова помош по малку влијаете на својата околина. Ако е успешна ангелската комуникација со Ханиел, тоа е исто како да сте земале лек кој брзо дејствува и душата повторно ќе ви полета. Ангелската порака за вас е: Вашето чувство е благослов, а не проклетство и доживувајте го како такво

Ангелски број 5: Џофиел

Внимателност и трпение се најважното чудо кое ќе го искусите. Ако брзате, не си оставајте доволно време се да доживеете во неговиот ритам и неговата помош тогаш нема да ја почувствувате. Ангелот Џофиел може да се повика за време на медитација бидејќи на него му е важно да бидете подговтвени да го прифатите. Штом ја воспоставите англеската комуникација, ќе ви каже кон се да пристапувате со смиреност, дека немате недостижни желби и ќе ви го покаже патот кој ќе ве води напред. Неговата порака е: Не брзај, уживај во секој момент од животот кој ти е подарен.

Ангелски број 6: Метатрон

Метатрон помага во животот да ги забележите важните работи. Според легендата многу одамна живеел на земјата како човек и после смртта станал Божји чиновник. Како ангел помошник првенствено ја усовршува способноста за сами прецизно да напредувате во животот. Преку него лесно ќе ги видите работите од светот и од својата околина кои служат само на темната страна или како некои сили сакаат да ве оттргнат од својот пат. Помага во организација и да се посветите на вистинската животна кариера. Како и сите и вие сте дошле на овој свет со некоја мисија. Ангелската порака за вас е: Секогаш сконцентрирајте се на бесценетите работи.

Ангелски број 7: Михаил

Тој е меч против темните сили, тој низ солзи ги уништил Садом и Гомор, бидејќи ниеден ангел не е среќен ако неможе да ги спаси Бижјите деца. Но тој не е секогаш така застрашувачки, често е светлост која дава сила, а посебно на вас чиј дадум на раѓање се согласува со неговата духовност. Едно е сигурно, со негова помош ниедна засташувачка или мрачна работа нема да ви биде препрека. Можете да стапите во контакт со него кога од себе ќе ги истерате сите стравови и кога ќе ги замените со силба вера која се насочува кон Бог.

Ангелски број 8: Рафаел

Вашиот ангел чивар е небески исцелител кој ви помага не само со физичките работи, туку и ве благословува. Преку него и вие придонесувате на луѓето во вашата околина да им биде подобро, да го заштитат своето здравје или да го подобрат. Личностите кои го имаат овој број поседуваат способност за лечење. Секако тоа не се однесува на сите дека треба да одговараат за туѓото физичко и психичко здравје, но себе мора да се држат во рамнотежа и во согласност да ги исполнат своите обврски на земјата. Затоа Рафаел има порака за вас: Посветете внимание на пораките на својот организам, хранете се здраво, ако треба бидете вегетаријанец за да не ги повредуваш живите суштества и занимавај се со спорт колку што можеш.

Ангелски број 9: Уриел

Името Уриел значи Божја инспирација. Ако тој е вашиот ангел помошник и ако размислувате за нешто што е поврзано со вашиот живот, доволно е само да помислите на него и тој ќе ви прати одговор во некоја форма. Уриел е ангел на просветлувањето, со него ангелската комуникација е најлесна. Доволне е да запалите свеќа, да ги затворите очите и веднаш ви праќа пораки низ слики. Кога мислите дека нема излез од некоја ситуација повикајте го на помош. Неговата порака гласи: Никогаш не се плаши бидејќи каква и да е темнината околу тебе, јас секогаш ќе ти го осветлувам патот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *