Светкаво декорирани Велигденски јајца

5 април, 20180
10

Велики Четврток е тивкиот ден кога домаќинките стануваат рано наутро за да ги офарбаат Велигденските јајца- симболот на раѓањето… Најголемо задоволство е убаво украсеното Велигденско јајце, кое носи среќа, хармонија и благосостојба во домот…

 

За таа цел, Ви претставуваме уникатна идеја, за Вашите Велигденски јајца да светкаат со прекрасен сјај !!!

1. За почеток, потребни Ви се светки во прав, во бои по Ваш избор. Откако свареното јајце ќе се олади, намачкајте го со лепило.

2.Убаво намачканото лепило, оставете го да отстои 1-2 минути, а потоа јајцето  ставете го во садот со светките во прав и вртете го се додека убаво не се залепат светките.

3. Кога убаво ќе се залепат светките, протресете го јајцето. Така ќе падне вишокот светки, а јајцето ќе добие фантастичен блесок.

4. Вака декорираното јајце, пред да го ставите во Вашите Велигденски кошнички и садови, ставете го на хартија…

Бидете оригинални…  Внесете поголемо задоволство во декорирањето на Велигденскиот симбол… Светкавите јајца ќе бидат вистинска радост за секого…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi