Аријана Гранде растури на YouTube

7 декември, 2018
arijana

55 милиони за 24 часа. Е, ова е рекорд!

Ариана Гранде продолжува да жари и пали по YouTube со нејзиниот нов видео – спот „Thank u next“.

Бидејќи, според најновите информации, Ариана во првите 24 часа има 55,4 милиони прегледи на видео – спотот „Thank u, next“ на YouTube. Покрај тоа, како што потврдува YouTube, истото видео во рекордно време го погледнале 100 милиони луѓе за само 4 дена по објавувањето.

Со овие луди бројки, „Thank u, next“, го завзема тронот на кој досега беше BTS „Idol“, спотот со рекордна гледаност  во првите 24 часа.

Спотот, во режија на Хана Лукс Дејвис, беше инспириран од комедиите од доцните 1990-ти и раните 2000-ти, како што e „Mean girls“.