Бебе Реџа – од Карлеуша до Еминем!

30 август, 20180
r2

Пејачката од албанско потекло денес го слави својот роденден – слушнете ги нејзините најголеми хитови, меѓу кои се и тие на “дивата” и песните на Маршал и Ријана! Блета Реџа (29), пејачка родена во Њујорк во семејство на Албанци од Гостивар, денес го слави својот роденден.

Блета, која настапува под името БЕБЕ РЕЏА, стана поп-сензација не само поради песните и соработката со звучните имиња на музичкиот шоубизнис, туку и поради атрактивните костими и тверкувања. Американските медиуми ја нарекуваат “албанската Ники Минаж”, што таа неодамна и го “докажа” во еден настап.

Изгледаше вака:

Блета е пејачка, текстописец и продуцент и може да се пофали дека напишала еден од најголемите хитови во 2013 година – песната “Monster”, која ја пееја Еминем и Ријана. Таа го напиша делот кој го пее Ријана, а многу музички продуценти ја одбија со зборовите дека тоа е “глупав текст – чудовиште под мојот кревет”. Еминем ја слушна песната и рече дека ќе биде земена под еден услов – вокалот да го пее Ријана.

Пред само две години ја напиша песната “Човекот што ги мрази жените”, кој се  наоѓа на албумот на Јелена Карлеуша и за која текстовите ги напиша Марина Туцаковиќ.

Таа напишала песни за Селена Гомез, Дејвид Гета, Бела Торн, Иги Азалеа …

Потсетете се на култната песна:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *