Беше витка, но сега претера со слабеење: Како Џулија Робертс ги загуби килограмите

25 октомври, 20180
julia

Џулија Робертс е една од најубавите жени во Холивуд и не остава никого рамнодушен со нејзиниот изглед. Иако има убава линија, 50-годишната актерка поради нејзиниот последен ангажман изгубила на тежина. И покрај тоа што според „People magazin“ таа беше прогласена пет пати за најубавата жена во светот, оваа актерка сега е само бледа сенка на некогашната убавина.

Она што може да се види во последно време е дека нејзината тенка фигура речиси е преполовена. Всушност, поради последниот ангажман, Џулија изгуби килограми и самата зборуваше за тоа. “Всушност, последниот филм би го нарекла кардио глума. Секој ден на себе носите еден тон работи, брзате нагоре надолу, морам да признаам дека затоа изгубив еден конфекциски број и дека сите стари панталони ми паѓаат”, рече таа во разговорот за порталот BANG Showbiz.

Иако многумина ја паметат по многуте романтични комедии, Џулија признава дека нејзината најголема актерска страст се трилерите , кои бараат малку поголема физичка способност.

„Едноставно го сакам тој жанр и имав среќа да играм во неколку трилери. Иако знам колку напорна работа ме очекува, не можам да ги одбијам таквите улоги. Ликот што сега го играм го прифатив поради сите околности што ја погодија таа жена. Веднаш штом го прочитав сценариото, не можев да престанам да размислувам за тоа и само чекав да уживам во улогата“, рече американската актерка која во моментов глуми во серијата „Homecoming“ , во улога на келнерката Хајди, која ја напуштила својата поранешна кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi