Дуа Липа во чипка и патики – неочекувано добра комбинација

24 декември, 2018
даљ

Навидум неспојлива комбинација…

Пејачката Дуа Липа уште еднаш успеа да изведе магија на сцената SSE Arena Wembley во Лондон, каде што имаше добротворен настап склоп на проектот „Ellie Goulding for Streets Of London“.

За оваа прилика Дуа носеше многу интересен црн комбинезон кој потсетуваше на женски летни пижами. Во струкираниот, свилен комбинезон со чипка, пејачката изгледа многу заводливо и сензуално.

Иако го искомбинира со мрежасти чорапи во кожа боја, изненадувачки е што го носеше  и црни патики. Иако во патики нозете не и делуваат елегантно како на високи потпетици, Дуа Липа изгледа многу модерно и оваа комбинација треба да се запамети.