Emma Stone наскоро ќе ја гледаме во улогата на легендарната злобница која ја обожававме во детството

11 декември, 2018
ema

Дали може Emma Stone да ја надмине Glenn Close?

Не постои личност чие детство не беше обележано со приказна на Дизни за 101 Далматинец, или барем со ликот на легендарната Cruel de Vil, која во филмот од 1996 година ја глумеше Glenn Close. А сега се подготвува нова верзија на филмот, кој ќе се фокусира конкретно на нејзиниот карактер. Дејствието се случува во 1980. година, а како што дознаваме улогата на Cruelle, ќе ја игра Emma Stone, додека за режијата ќе се погрижи Craig Gillespie, кој е одговорен за хит-филмот I Tonya.

Иако никогаш не би ја поврзале Emma Stone со оваа улога, таа сигурно ни ја покажа својата моќ за трансформација во бројните улоги, па веруваме дека ова ќе биде уште една улога во која ќе биде брилијантна.