Го издаде масерката: „Сака девојки со големи задници“

2 октомври, 20180
Capture 2

Пејачот, наводно, спиел со неговата масерка само неколку недели по раскинувањето од супермоделот Џиџи Хадид.

Маскарката Енрика Петрондари (41) тврди дека пејачот од групата One Direction, Зејн Малик, ги сака девојките со “големи задници” и ја молел да направат неколку експлицитни селфи слики откако го масирала и спиела со него.

“Тој тогаш ми раскажа дека сонува да биде со две жени во исто време. Ме нарекуваше негова италијанска божица. Неговиот асистент ми се јави и ме замоли  да дојдам само две недели по раскинувањето со Џиџи”, открива Енрика која некогаш се занимавала и со танц.

Таа раскажа како изгледал престојот во големиот стан на популарниот пејач.

“Кога пристигнав во станот, веднаш знаев за кого станува збор. Влегов во спалната соба додека спиеше. Го масирав околу два -три часа. Во еден момент, тој ме фати за рака и ми рече да се опуштам и дека не мора да се да бидам вознемирена покрај него. Морам да признаам дека ме привлече, многу е згоден. По масажата, разменивме броеви и се допишувавме со пораки. Тогаш тој ми кажа дека тој сака девојки со големи задници. Се почувствував посебно. Но, по некое време сфатив дека ме искористи “, изјави масерката за ” Sun “.

Зејн кој беше во врска со убавицата Џиџи Хадид две години, се раздели од неа во март. Неколку месеци подоцна, двојката објави дека повторно е заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *