Годините не и можат ништо: Селма Хајек го прослави 52. роденден во фантастична casual комбинациja

4 септември, 20180
selma

Насмеана и видно расположена, актерката го прослави својот 52-годишен роденден и уште еднаш докажа дека годините се само бројка…

Харизматичната Селма Хајек, заедно со својот сопруг во неделата, беше сликана во Венеција, и во таа пригода демонстрираше совршена комбинација идеална за љубителите на опуштениот стил.

Иако можеби мислевме дека славењето ќе го помине во коктел фустан, ѕвездата на филмовите Frida и Beatriz at Dinner се одлучи за црната маичка + сако и фармерки boyfriend модел .

Едноставниот изглед го надгради со многу ефективните детали – чизми на вртоглаво високи потпетици, ташна и доминантни ланци со привезоци во облик на школка, крст …

Со ретро авијатичарски наочари, црнката која ја пуштила бујната коса, ставила точка на прекрасниот роденденски стајлинг, што е голема инспирација за есенскиот уличен стил!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *