Хју Грант чека своето петто дете!

10 јануари, 20180
hju-grant-getty-770x410-1515524987

Британскиот миленик и неговата девојка, продуцентката Ана Еберштајн, го чекаат нивното трето дете, а убавата вест во јавноста ја споделила нејзината мајката.

„Пресреќна сум што повторно ќе станам баба. Наскоро е крајниот термин,“ изјавила таа.

Хју и Ана веќе имаат две деца, синот Џон кој е роден 2012 година и ќерката која е родена во 2015 година, а името уште не е познато во јавноста.

Грант има уште две други деца од аферата со Тинглан Хонг, вработена во еден кинески ресторан во Лондон, со која ја доби ќерката Табита Грант во 2011 година и синот Феликс во 2013 година. Тоа е периодот на краткиот прекин на врската со Ана, со која кратко подоцна се смириле.

Актерот никогаш не застанал пред олтарот, а пред неговото прево дте велел дека и улогата на татко не е за него, но очигледно 57 годишниот актер го променил мислењето.

„Лууѓето биле во право кога велеле дека децата го менуваат животот. Топло го препорачувам. Направете неколку“, рекол Грант.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *