Кралица!

28 септември, 20180
d

Дита фон Тиз, господарка на бурлеската, денес слави роденден, погледнете ги фотографиите и видеото!

Дита фон Тиз е родена на 28 септември 1972 година.

Љубов кон златната ера на Холивуд ја наследи од мајка и, која беше “вљубена” во времето во кое “владееа” прекрасните жени со облини и кои носеа извонредни фустани и крзно.

Најмногу внимание привлече кога се сликаше за магазинот Плејбој, односно своите настапи во текот на кои се бањаше во голема чаша за мартини.

Во своите сценски настапи користи разни реквизити, но неопходен дел од нејзиниот костим е – корсетот. Токму ова парче облека ќе и даде на оваа убавица идеја да започне кариера на моден дизајнер.

Пред да се фрли на дизајнирање на облека, парфеми и пишување книги за убавината, Дита се занимаваше со актерство и манекенство, а на почетокот на кариера сними неколку филмови за возрасни (“Pin Ups 2” и “Decadense”).

Големо влијание врз нејзината кариера имаше и нејзиниот поранешен сопруг Мерилин Менсон. Дита настапи и во Белград во 2011 година, а нејзините настапни вака изгледаат денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *