Macaulay Culkin го оживеа филмот „Home Alone“ после 30 години!

21 декември, 2018
home alone

Бидејќи без овој филм не можеме да замислиме ниту еден Божиќ!

Речиси три децении по култниот филм „Home Alone“,Macaulay Culkin повторно го заигра Kevin и ги изведе најдобрите сцени од филмот.

Ова всушност е нова реклама на Google во која Kevin повторно е сам во куќата, но овој пат има – Google асистент. Продуцентите се погрижија сите детали од сценографијата да бидат идентични со оние во филмот, а фановите се воодушевени бидејќи Macaulay ги има истите гестови и говор како кога беше осумгодишно момче и за прв пат играше во филмот.

https://www.youtube.com/watch?v=xKYABI-dGEA

Многу обожаватели се воодушевени од рекламaта која досега  достигна скоро 7 милиони прегледи, а кај секој ја разбуди носталгијата за незаборавниот филм без кој денес не можеме да ги замислиме Божиќните празници!