На сѐ му доаѓа крајот: Силвестер Сталоне се прости од улогата на Роки

3 декември, 2018
roki

Познатиот уметник мисли дека е време да се стави точка на ликот кој му донесе светска популарност.

Американскиот актер Силвестер Сталоне (72) истакна дека можеби е време да се прости од улогата на боксерот Роки Балбоа, кого го глумеше во седум филмови.

– „Сакам да им се заблагодарам на сите ширум светот што го пуштија семејството на Роки во нивните срца во изминатите 40 години. Ми беше најголема чест да создавам и да играм толку значаен лик. Иако ова ми го крши срцето, за жал, сите работи мора некогаш да завршат. Најважно е дека Роки никогаш нема да умре, бидејќи тој и понатаму живее во вас. “

Силвестер го напиша ова со видеото што го објави на Instagram во средата, една недела по почеокот на прикажувањео на “Krid 2” во САД, а потоа повторно им се заблагодари на сите кои го почитуваат Роки.