Најплатен, а ништо не снимил со години!

24 август, 20180
k

Последен пат Џорџ Клуни беше на големото платно во 2016 година, но тој сеуште е најдобро платен актер за минатата година, еве и како!

Џорџ Клуни (57) беше на врвот на листата на “Форбс” на најплатени актери, иако ништо нема снимено веќе две години!

Последен пат го гледавме Клуни во филмот “Money monster” пред две години, а следниот пат нема да се појави во филм, туку во мини-серијата “Catch 22” дур следната година.Сепак, тој заработил неверојатни 239 милиони долари во изминатите 12 месеци!

Најголемиот дел од овој навистина импресивен износ на Клуни е направен со продажба на својот бренд “Kasamigos” за речиси една милијарда долари, и веќе ја доби првата “рата”.

Втор е “Карпата”, односно Двејн Џонсон, кој заработил 124 милиони, додека третиот е Роберт Дауни Џуниор со 81 милион долари кои ги заработил помеѓу јуни минатата година и јуни оваа година.

Четврто место е Крис Хемсворт со 64,5 милиони, на петтото Џеки Чен со 45,5 милиони, а на шестото Вил Смит со 42 милиони долари.

Остатокот од листата го сочинуваат Акшеј Кумар (40,5), Адам Сендлер (39,5), Салман Кан (38,5), Крис Еванс (34).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi