Новата принцеза на Дизни!

30 јули, 20180
d

Уште една принцеза се приклучи на светските бајки, бидејќи Дизни го подготвува филмот за африканската убавица.

Дизни моментално работи на нов филм за принцезата од Африка, која ќе се вика Шаде, а иако сеуште не се знае кој ќе режира или глуми во филмот, фановите на светот од бајките се веќе воодушевени што тоа се случува.Шаде е принцеза која открива дека има волшебни воени моќи и ги користи за да го заштити своето кралство од мистериозната злобна сила која се заканува дека ќе уништи се околу неа.Се разбира, принцезата нема да биде сама во својата борба, бидејќи во нејзината авантура ќе и се приклучи и принцот, и двајца со заеднички сили ќе го спасат кралството од пропаст.

После огромните успеси со филмот “Црниот пантер”, не е ни чудо што Дизни конечно го прави филмот во кој хероина ќе биде од континентот, кој уште не го искористија во претходните остварувања. Така африканската принцеза Шаде ќе им се придружи на  Елси, Ариел, Покахонтас, Бела, Џасмин, Пепелашка и Снежана!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *