Од папараците се крие во … куфер?!

16 ноември, 20180
Capture

Веќе извесно време, кружат бизарни гласини дека Тејлор Свифт практикувала патување и криење во нејзиниот багаж, за да не ја забележат папараците.

Гласините почнаа во јули оваа година, кога нејзиниот тим беше сликан со огромен куфер кој дури двајца го внесуваа во нејзиниот стан во Менхетен, во време кога се претпоставуваше дека се забавува со Џо Алвин.

По неуспешната романса со актерот Том Хидлстон, пејачката се обиде да се скрие под радарот на медиумите, а многумина мислеа дека таа е всушност во куферот кој внимателно го носеше нејзиниот тим. Сега нејзиниот колега и пејач, Zayn Malik, во интервју за британскиот  „Vouge“, рече: „Патуваше во куфер“, мислејќи на Тејлор и со тоа повторно ги започна овие шпекулации.

Не е исклучена можноста да се пошегувал, но не е ни толку неверојатно дека пејачката навистина го сторила тоа.

Што мислите вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *