Ова се Станлио и Олио!

20 септември, 20180
s

Какво враќање во минатото!

Објавен е првиот трејлер за филмот “Станлио и Олио”, приказна за еден од најдобрите и најпознатите двојки во историјата на филмот.

“Станлио и Олио” е биографски филм, кој се занимава со последната турнеја на легендарните актери Стен Лорел и Оливер Харди, и ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Лондон кон крајот на годината.

Американскиот комедијантски дуо стана популарен во почетокот на дваесеттиот век благодарение на филмот, но и  театарски претстави низ цела Америка и Европа.

Двајцата комичари првично работеа заедно во 1919 година на филмот “The Lucky Dog”, кој беше емитуван во 1921 година.

Потоа, за кратко време снимиле посебни кратки филмови за Хал Роуч студио во 1920-тите. 1926 година повторно почнаа да се појавуваат заедно, официјално станаа тим во 1927 година.

Главните улоги ги играат Стив Куган и Џон Си Рајли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *