Почина актерката од серијата “Третиот камен од сонцето”

23 јули, 2018
du

Актерката која беше дел од легендарната серија почина во 89-тата година.

Вестта за смртта на актерката Елмари Вендел ја соопшти нејзината фамилија. Причината за смртта не е позната.Елмари во серијата „Третиот камен од сонцето” ја играше улогата на госпоѓа Дубчек. Оваа серија беше една од најпопуларните и најгледаните серии на сите времиња. Се емитуваше на телевизиската мрежа НБС од 1996 до 2001 година.

Во текот на 139. епизоди,љубителите на добри комедии можеа да уживаат во авантурите на екипажот на вселенски брод, кои ќе се преправат  во човечко семејство и ќе ги известуваат своите надредени за животот на „третиот камен од Сонцето”.