Почина рокерот, креаторот на култниот хит

28 август, 20180
г2

Гитаристот Lynyrd Skynyrd почина во 69-тата година.

Ед Кинг, гитаристот на бендот Lynyrd Skynyrd и човекот одговорен за постоењето на легендарната песна “Sweet Home Alabama”, почина во својот дом во Нешвил на 69 години.

“Со голема тага ве известуваме дека Ед Кинг почина во својот дом во Нешвил на 22 август. Им се заблагодаруваме на неговите многубројни пријатели и фанови за поддршката и љубовта што му ја дадоа за време на неговиот живот и кариера”, беше објавено на неговата официјална страница на Фејсбук.

Познато е дека гитаристот страдал од рак на белите дробови, но не се знае уште дали ова беше причината за смртта.

“Ед беше нашиот брат, голем текстописец и гитарист. Знам дека ќе биде со другите момци во рокенрол рајот. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство”, напишал неговиот пријател и член на бендот Geri Rouzington.

Рокерот беше еден од основачите на бендот  Strawberry Alarm Clock за време на шеесеттите години, а потоа се приклучи на Lynyrd Skynyrd во 1972 година. Ги има снимено со бендот првите три албуми и ја напиша песната “Sweet Home Alabama”. Бендот го напушти во 1975 година, по расправија со пејачот Рони Ван Зант, но се врати во 1987 година.

Последен пат го напушта бендот во 1996 година поради проблеми со срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi