После два месеци на рехабилитација за прв пат во јавноста
Селена Гомез изгледа опуштено и среќно, со што ги воодушеви нејзините фанови.
Пејачката Селена Гомез пред два месеци објави дека се повлекува од социјалните мрежи поради нарушеното ментално здравје, а потоа во јавноста се дозна дека се пријавила во една клиника за рехабилитација – поради нервен слом. Многумина тогаш се сомневаа дека таа доживеала нервен слом дознавајќи за венчавката на поранешното момче Џастин Бибер.
На големо воодушевување на фановите, Селена, два месеци подоцна ја напушти клиниката и со своите пријателки отпатува на зимски одмор. Имено, нејзините блиски пријателки Конор Френклин и Бејли Медисон на својот Instagram профил објавија неколку фотографии од одморот на снежните падини, а насмеаното лице на Селена Гомез ги воодушеви сите, бидејќи изгледа дека омилената пејачка е конечно среќна.
Сите знаеме колку боли разделбата со саканата личност, но се надеваме дека Селена навистина сфати дека во овој случај губи само една страна – а тоа е Џастин!