ПРВАТА СНИМКА на Дејвид Бови од 1963 година наскоро на аукцијска продажба!

26 јули, 20180
d

Првата аудиоснимка на Дејвид Бови ќе биде на аукцијска продажба, објави британската аукциjска куќа Омега. Снимката ќе биде на аукција на 11 септември, а се проценува дека ќе биде продадена за 10.000 фунти (11.200 евра).


Песната ” I Never Dreamed” студијски во 1963 година ја снимила групата “Конрадс”, која го замолила Бови, кој тогаш го користел своето вистинско име, Дејвид Џонс, да ја отпее оваа песна. Тоа е класична рок песна како тогашните песни на “Битлси”, но не успеала да се пробие.Бови веднаш по овој неуспех го напуштил бендот додека шест години подоцна ја снимил “Space Oddity” во 1969 година.Тоа е првиот успех на пеачот, кој тогаш бил инспириран од филмот “Одисеја во вселената 2001 година” на култниот режисер Стенли Ќјубрик. Песната зборува за несреќен астронаут, мајорот Том.

Музичарот, еден од највлијателнетите уметници во последните 50 години, почина од рак на панкреас 2016 година во 70-та година од својот живот, два дена по објавувањето на албумот “Black star”, објавен на неговиот роденден, на 8 јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *