Првото име за новата серија од Вестерос!

31 октомври, 20180
гот

Актерката номинирана за Оскар во серијата која ќе ни објасни што се случуваше пред „Game of thrones“.

Новата серија од перото на Џорџ Р. Р. Мартин е во подготовка на каналот HBO, а сега знаеме и кој ќе игра една од главните улоги! Серијата ќе ги прикаже настаните во светот „Песни на мразот и огнот“, илјадници години пред да се појават познатите ликови од „Game of thrones“ на сцената. Станува збор за „крај на светот од златното доба на хероите во најтемниот час“, а во една од главните улоги ќе ја видиме Наоми Ватс, англиската актерка номинирана за Оскар! Ватс ќе ја толкува улогата на “дама од тогашното високо општество, која крие темна тајна”.

Актерката инаку е номинирана за двa Оскари за главната женска улога, во филмовите „ The impossible “ и „21 grams“. „Од ужасните тајни на историјата на Вестерос до вистинското потекло на White Walkers, мистеријата на Истокот и легендарните Старкови, ова е приказна што сигурно не ја очекувавте”, најавува HBO.

Мартин претходно изјави дека негов фаворит за името на новата серија е „The long night“, но дека „не верува“ дека HBO ќе се одлучи за тоа име. Авторот подвлече дека работата на оваа серија нема да влијае на понатамошниот напредок во книгата „Winds of winter“  кои фановите со нетрпение ја чекаат седум години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *