Симпсонови се враќаат на малите екрани!

26 јули, 20180
s

“Симпсонови” на 30 септември се враќаат на малите екрани, соопштено е на Комикон панел (Comic-Con) во Сан Диего.


Автор на популарниот цртан филм Мет Грејминг, актерkата Трес Макнил, којa го позајми гласот на ликовите, режисерот Дејвид Силвермен и сценаристот Ал Жан откриле што може да очекуваат обожавателите од “жолтото семејство” во 30. сезона.

По краткиот клип, на кој се гледа дека Хомер одлучил да го изеде целото јадење во Њу Орлеанс, креативниот тим објасни дека серијата е првенствено изработена во дигитална анимација, што им овозможило на аниматорите да истражат нови области што ќе се видат во сцените од градот Спрингфилд.

Кога станува збор за темата, авторите ќе продолжат и понатаму да ја исмеваат американската култура и друштво, а во новата сезона ќе гостуваат многу ѕвезди.

На панелот се појавија Гал Гадот, Пети Лупон, Емили Дешанел, Џон Ловиц, Гилермо дел Торо, и засега е јасно дека овие ѕвезди сигурно ќе бидат дел од новиот проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi