Смело чекори… кон педесет!

24 јули, 20180
j3

Џенифер Лопез денес има 49 години, верува или не!

Ова е селфи со кое пејачката”ја отвори” својата славеничка недела. Некои кажуваат дека сега подобро изгледа отколку на почетокот на кариерата.

Споредете како JLo изгледаше во спотовите пред околу 10 години.

Џенифер Лопез е родена во 1969 година во Бронкс, Њујорк. Почна кариера како пејачка во ТВ-шоуто ” Living colour”, во 1995 година ја добива и првата улога во акциониот филм “Money Train”.Првата главна улога ја доби во филмот “Selena” две години подоцна, за која доби “Alma” награда, како најдобра актерка. Од тогаш играше во голем број филмови, меѓу кои и “Непланирана венчавка”, “Собарката од Манхетн”, “Дали ќе танцуваме?”, “За сè е крива свекрвата” …JLo првиот студиски албум го издаден во 1999 година “On the 6”, на кој се наоѓа нејзиниот прв хит “If You Had My Love”. Две години подоцна, остварува голем успех со албумот “J.Lo”. Потоа го издава J to tha L-O! The Remixes”, “This Is Me”, “Then”, “Rebirth”, “Como ama una Mujer”, “Brave”, “Love?”…Се проценува дека до денес во светот продадени се 55 милиони албуми. “Билборд” ја постави на 27. место на најуспешните изведувачи во 2000-тите, беше номинирана за “Греми”, а освои и две латински Греми награди, како и бројни музички награди.Нејзиниот приватен живот исто така привлекува многу внимание. Првата јавна љубовна врска беше со Шон Комбса, рапер позната под името P. Diddy. После овие врски, се вери со актерот Бен Афлек, но тоа не траеше долго време. 2004 година се венча со Марк Ентони, со кој четири години подоцна добива близнаци, синот Максимилијан и ќерката Ема. После седум години брак, JLo се раздели со Марк. Сега е во врска со Алексеј Родригез, поранешен бејзбол играч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *