Срамотен говор на кралицата на Поп музиката!

23 август, 20180
м1

Докажано е дека Мадона дефинитивно сака да си оддаде почит самата на себе.

Кралицата на поп музиката Мадона требаше да одржи говор на доделувањето на наградите MTV Video Music Awards, со кој и би одала почит на починатата кралицата на соул Арета Френклин, но предизвика невиден скандал и го привлече гневот на јавноста.

Што толку ужасно сторила таа?

Па, таа направила всушност говорот за Арета да стане говор за неа! Таа го искористи ова за да се потсети на почетоците на нејзината кариера и на тој начин го предизвика гневот кај јавноста и критичарите.

Во десет минутниот говор Мадона само еднаш ја спомна пејачката, кој почина минатата недела, по 77 години и тоа во анегдота за тоа како на една аудиција, таа пееше нејзина песна и помина.

На критиките дека е чест да се зборува за Арета Френклин, а искористила да зборува за себе, Мадона на Instagram одговорила дека таа не добила покана да и оддаде почит на починатата пејачка на настанот на MTV, туку преку анегдоти од нејзиниот живот да ја извлече приказната и за неа.

“Само да разјаснам: Бев поканета да го претставам видеото на годината! Потоа ме праша да ги споделам сите анегдоти кои ги имав во кариера поврзани со Арета Френклин! Го споделив делот од моето патување и и се  заблагодарив на Арета што ме инспирираше сето тоа време. Не ми беше намерата да и одадам почит! Тоа е невозможно да се постигне во две минути додека секаде е гласно. Никогаш не би можела веродостојно да ја прикажам во тој контекст и опкружување. За жал, многу луѓе се оптеретени со внимание и имаат тенденција брзо осудуваат. Ја сакам Арета! “пишува таа.

Ова не беше првпат Мадона да уништи нечиј помен, бидејќи истото се случи кога таа зборуваше во чест на Принс во 2016 година и Мајкл Џексон во 2009 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *