16 јули, 2019

Радио

Дами и господа, Мери Попинс се врати!

Најомилената дадилка се вратила 54 години откако последен пат ја видовме на големите екрани.

Дизни конечно го објави целосниот трејлер за претстојниот филм под името “Враќањето на Мери Попинс”, а актерката Емили Блант е совршена во оваа улога додека се спушта со чадорот и торбата назад во Лондон.

Новиот филм зборува за Мери Попинс, која се враќа 20 години подоцна да ги посети Џејн и Мајкл Бенкс како возрасни луѓе, откако почувствувале голема трагедија и загуба, како и да води сметка овој пат за нивните деца.

И покрај тоа што ќе видиме многу нови работи, врз основа на трејлерите, јасно е дека оригиналниот шарм и умешноста на првото дело се задржани.

Остави коментар

Почетна // Забава // Supercalifragilisticexpialidocious!
Горе