Вистинска приказна за болест и пријателство

2 октомври, 20180
Capture

Две фантастични актерки се здружија да ја пренесат оваа приказна  на големото платно.

“Ја натераа да зема лекови. Ова е во врска со правото на секој човек да одбие такво нешто”.

“Sony Pictures” го објави трејлерот за филмот “55 Steps”, кој зборува за вистинската приказна за една жена по име Еленор Риз, ментално болна пациентка која за прв пат започна судска битка да им се даде право на избор на компетентните пациенти во врска со тоа дали ќе примаат лекови додека се во болница.

Сегашниот наслов – “55 Steps” се должи на бројот на скали во болничкото лоби.

Хелена Бонам Картер го толкува ликот Еленор, додека Хилари Свонк е адвокатката Колет, која ја застапува Еленор и со текот на времето стануваат пријателки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *