ВИСТИНСКИ ХОРОР!

4 октомври, 20180
Capture 4

Не е страшен филмот во кој што глуми, туку ова…

Актерката Бела Торн е зафатена во моментов околу промоција на новиот хорор филм ” I still see you “. Но, она што може да се нарече вистински хорор е начинот на кој што се појавила на премиерата на филмот во Лос Анџелес.

Ништо не им недостасуваше на темно зелените панталони, маицата на прерамки со натписот “Queen’’, ниту пак на накитот и шмиката кои што таа ги носеше, но она што е дефинитивно вишок во рамките на овој аутфит се “долгите” влакна под пазувите кои се гледаа од секој агол.

Бела е позната по тоа што го промовира “природниот” изглед, но тоа може слободно да го прави и под блуза со подолги ракави.

Во филмот кој што го промовира, актерката го толкува ликот на Рони, која добива заканувачка порака од “гробот”, а потоа “влегува во светот на сенките во кој се губи границата помеѓу живите и мртвите, и ја започнува трката со времето за да го спречи итриот убиец”.

Би требало само уште некој да ја спречи неа во намерата да не купува бричови…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *