Аца Лукас обвинет дека и направил бебе на својата девојка, па понудил пари за абортус! Еве ја неговата изјава…

31 мај, 2018
12

Во медиумите се појави информација дека пејачот Аца Лукас наводно направил бебе на извесна Т.А, по што пејачот ја откри својата страна на приказната.

Девојката вели дека откако Лукас дознал дека таа е бремена и се заканувал и понудил пари за абортус.

– Беше внимателен со мене, тоа беше првпат да седам со неговото друштво. Инаку, се гледаме сами. Неколку пати имавме односи, за жал, останав бремена. Му се јавив и му кажав дека сум бремена, а тој ме праша колку пари ми требаат за абортус – вели девојката.

По тој повод се огласи и пејачот.

– Ниту и направив бебе, ниту и се заканував, ниту и понудив пари за абортус – вели Лукас за Телеграф.