Дали Бред Пит и Анџелина Џоли ќе бидат повторно заедно?

20 февруари, 20180
1

Откако во јавноста се рашири веста дека Џенифер Анистон се разведе, веднаш почнаа да кружат шпекулации дека Бред Пит и Џенифер Анистон повторно ќе бидат заедно.

Дали нивната “љубов” ќе заврши со среќен крај, оставаме времето да покаже.

Бред и Џенифер во брак беа од 2000 до 2005 година кога се разведоа поради тоа што Бред Пит ја изневери Џенифер со глумицата Анџелина Џоли.

Сепак засега еден неименуван извор за магазинот People изјавил дека Бред и Џенифер одамна се немаат слушнато, но знаат од време на време да си пратат некоја смс чисто колку да си честитаат за некој голем успех.

Изворот наведува дека е поминато повеќе од една деценија и дека тие сега се сосема други личности и дека не верува дека ќе дојде до помирување.

– Помина многу време откако тие двајца не се заедно. Мене ми изгледа како да се заборавиле еден со друг. Иако јавноста постојано ги спомнува како пар. – изјавил изворот за магазинот People.

Дополнителен проблем на оваа врска преставува и тоа што Бред Пит има шест деца тоа ги комплицира работите за смирување со Џенифер.

Иако засега се зборува дека од оваа љубовна врска нема ништо, фановите и понатаму стискаат палци за Бред и Џенифер повторно да бидат заедно.

Фановите тврдат дека тие сепак се најслаткиот пар во Холивуд и заслужуваат да бидат еден покрај друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi