14 декември, 2018

Радио

Овој пат станува збор за моделот кој е дури 19 години помлад од старлетата …

Кортни Кардашијан (39) е од неодамна сама, откако го остави моделот Јунс Бенџимa(25) и се посвети подеднакво на забава и грижата за трите деца што ги добила со својот поранешен партнер Скот Дисик.

Меѓутоа, убавицата е неодамна фатена во Лос Анџелес како оди кон клубот додека околу половината ја држи младиот Лук Сабат (20).

После Лос Анџелес, тие двајца беа видени во Чикаго и Мајами заедно, и двата пати одеа во луд провод, додека односот им беше близок, пренесуваат странските медиуми. Лук е Њујорчанин, кој важи за инфлуенсер и потекнува од семејството кое е длабоко вкоренето во светот на модата.

Кортни се гледа со Јунс скоро две претходни години, а наводно ја прекинувале врската поради неговата преголема љубомора која повеќе не можеше да ја сокрие ниту во јавноста.

Но, кога момчето замина, изгледа веднаш  се најде друго кое ќе ја утеши оваа убавица …

View this post on Instagram

Chicago!!! @taochicago

A post shared by David Grutman (@davegrutman) on

 

Остави коментар

Почетна // Забава // Едното момче го “откачи”, еве го другото!
Горе