Исчезна Сораја Вучелиќ: Српското и Црногорско МВР трагаат по неа

8 јуни, 20180
1

Старлетата Сораја Вучелиќ ги избришала профилите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, а на еден од нив е објавена воземнирувачка порака од нејзиниот PR.

Старлетата на која неодамна и е забранет влез во Србија профилите ги избришала по една недела медиумски молк. Локалните медиуми деновиве објавуваа порака од нејзиниот Вибер во која пишува „Сораја ја нема веќе“, што сериозно го загрижи нејзиниот PR тим кој денес објави нова порака.

– Морам да напоменам дека имам информација дека исчезнувањето на Сораја Вучелиќ е пријавено во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора и го чекаме официјалниот резултат од истрагатам доколку информацијата е точна. Исто така сакам да ја известам јавноста дека Сораја последен пат е лоцирана во Будва на 3 јуни.

soraja-info

Во прилог на ова ја известив и премиерката на Србија Ана Брнабиќ со молба да ми даде било каков податок од МВР Србија кој би бил почетна точка за нејзино пронаоѓање. Се чека нејзиниот одговор и одговорот на МВР Србија поради што Сораја е ставена на црна листа како високоризична за безбедноста на Србија и нејзините граѓани, пишува Љубан Ковачевиќ од PR тимот на Сораја.

Тој во изјава за дел од српските медиуми тој истакнува дека објавата на направил врз основа на информациите со кои располагал.

Ковачевиќ додава дека иако на почетокот мислел дека е на одмор, таа не ми се јавувала откако била депортирана од Србија, а кога видел какви пораки му стигнуваат на Вибер од нејзиниот број сериозно се загрижил, дополнително како што вели, бидејќи никогаш на Сораја не и се случило да не им се јави на блиските соработници и пријатели со денови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *