Кендал Џенер: Не сум лезбејка

19 март, 20180
2

Со години се шушкаше за тајните во животот на Кендал Џенер. Сестрата која е поинаква од останатите членови  во фамилиите Кардашиан-Џенер за Vogue реши да раскаже дел од деталите за нејзиниот приватен живот, за кој многу ретко се осмелува да зборува во јавност.

За разлика од своите сестри кои буквално прават сè да се најдат во центарот на медиумското внимание, најплатениот модел своите детали ги држи само за себе, а емотивните партнери не ги претставува на јавноста.

Tокму тоа е една од причините поради која се појавија голем број на шпекулации за нејзината сексуална ориентација, а многу пати беше поврзувана со некој од познатите момци.

Кендал сега реши да ја потврди веста за неколкумесечната врска со познатиот кошаркар Блејк Грифин, за кој тврдеше дека и е само добар пријател.

-Среќна сум. Тој е многу добар. Имам некој кој е многу добар кон мене. Мислам дека тие приказни започнаа бидејќи не сум како моите сестри кои живеат во стил „Ова сме јас и мојот дечко“. Тоа им е многу интересно на луѓето затоа што никој никогаш не ме видел со дечко. Пробувам да бидам дискретна кога се момчиња во прашање, цело време кријам. Сепак не сакам луѓето да мислат дека сум луда, објасни таа негирајќи ја приказната дека е лезбејка.

-Мислам дека немам геј или бисексуални црти во себе, но кој би знаел. Секогаш сум за нови искуства, иако немам ништо против тоа никогаш немам пробано такво нешто. Знам дека имам некоја машка енергија…Но, да ви одговорам на прашањето, не сум геј.  Немам што да кријам, а таква работа никогаш не би криела, дополни таа не исклучувајќи ја можноста дека во иднина би можела да проба и такво искуство со личност од ист пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi