Колку вреди прстенот на Меган Маркл?

29 мај, 20180
5

На својата венчавка, Меган Маркл носеше впечатлив син прстен, во чест на принцезата Дајана. Јавноста пак беше љубопитна – колку вреди аквамарин прстенот?

Палатата Кенсинготн потврди дека принцот Хари, на ден пред свадбата, и го подарил синиот прстен на својата идна сопруга, од колекцијата на накит оставена од неговата мајка, принцезата Дајана.

Смарагдниот прстен е направен од 24-каратно жолто злато, а на средината има голем, светло-син камен опкружен со помали дијаманти.

Овој прстен бил нарачан од Дајана веднаш по нејзиниот развод, а дизајниран е наменски за да одговара на претходно нарачаните ѓердан и нараквица. Вредноста на прстенот се проценува на 75.000 фунти, според денешната понуда на пазарот, но со оглед на фактот дека бил во сопственост на принцезата Дајана, веројатно ќе достигне многу повисока цена на аукција.

Инаку, Дајана, во нејзиниот краток живот, само неколку пати го носела овој прстен. Прв пат со овој прстен на раката, а во комбинација со бисерната нараквица со впечатлив син-камен на средината, принцезата Дајана се појавила на посетата на Сиднеј во 1996 година. На приватна аукција на нејзините фустани пак, од 1997 година, беше фотографирана носејќи го прстенот, за последен пат. Само два месеци подоцна, таа трагично загина во сообраќајна несреќа.

Во својот тестамент, принцезата Дајана целиот свој накит го оставила на нејзините два сина, принцот Вилијам и принцот Хари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *