Кончита Вурст објави дека е ХИВ позитивна
16 април, 20180
Евровизиската победничка од 2014 година, Кончита Вурст (или Том Нојвирт) откри дека веќе неколку години е на терапија за ХИВ. Австриската пејачка изјавила дека била принудена да ја открие дијагнозата затоа што била уценувана од поранешното момче.
Дваесет и деветгодишната Кончита информацијата дека е ХИВ позитивна ја сподели на Инстаграм.
– ХИВ позитивна сум со години. Тоа всушност е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче ми се закануваше дека ќе ја објави таа лична информација, а јас никому нема да дозволам да ме плаши или да влијае на мојот живот заради тоа – напиша Вурст.
Таа изразила надеж дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизација на луѓето кои заради сопственото или однесувањето на другите се заразиле со ХИВ.